Ревизијата на Министерството за здравство за 2023 година утврди дека 23 програми за здравствена заштита се реализирале со недоволни средства, што влијае на ликвидноста на Јавните здравствени установи, отсуство на лекови во определени периоди и слабости во контролите. Исто така, капиталните проекти, вклучувајќи ги изградбата на нови клинички центри, се соочуваат со долгорочни застои и финансиски импликации на вкупната вредност на проектите, што влијае на достапноста и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 07.07 2025
Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот држав
- 30.06 2025Во рамки на спроведената програма, ДЗР изврши 88 ревизии, изработени се 132 ревизорски извештаи, а опфатени се 239 субјекти од јавниот сектор.
- 26.06 2025Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, ја истакна вредноста на овој процес за институционалниот развој на ДЗР и упати благодарност до тимот од НИК
- 24.06 2025Oпштина Центар искажува 4.482.480 евра побарувања, за кои не е утврдена старосната структура и можноста за нивна наплата, а утврдените неправилности при доделувањето на договорите за јавни набавки влијаат на доследно почитување на основните начела при ДДЈН утврдени во Законот за јавни набавки
- 17.06 2025Ревизијата на финансиското работење и усогласеноста на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година укажува на сериозни предизвици во исполнувањето на законските надлежности за развој на туризмот. Констатирани се слабости во планирањето, спроведувањето на програмските активности, управувањето со средства и почитувањето на законската регулатива, што резултира со нецелосно искористување на туристичките потенцијали и ограничен ефект од преземените мерки за промоција и поддршка на туризмот
- 13.06 2025Со позитивна енергија, креативност и тимска работа, успешно го реализиравме вториот Хакатон организиран од Државниот завод за ревизија во соработка со Националната ревизорска канцеларија на Норвешка
- 12.06 2025Ревизорите утврдија недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари. Застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување го доведуваат друштвото до сериозни предизвици во работењето
- 04.06 2025Во Варшава, Полска, се одржа висока конференција на тема „Безбедноста на земјите од ЕУ од перспектива на врховните ревизорски институции“, во организација на Врховната ревизорска институција на Полска (NIK)