На барање на претставниците на Светска банка, г. Lars Jessen, специјалист за управување со јавен долг, и г. Mitchell O'Brien, консултант, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски имаше средба на која се дискутираше за улогата на ревизијата во подобрување на политиките за управување со јавен долг во државата
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 29.05 2025Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во присуство на Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, им ги врачи решенијата за унапредување на вработените кои се распоредени на работни места „Советник на главниот државен ревизор“ и „Помошник на главниот државен ревизор“, согласно последно објавените огласи за унапредување.
- 28.05 2025Во периодот 26 - 27 мај 2025 година, претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваа на годишниот состанок за проектот за соработка со Националната канцеларија за ревизија на Норвешка (NAON), кој се одржа во Осло. Настанот претставуваше продолжение на долгогодишната успешна соработка помеѓу двете институции, со цел заедничка евалуација на постигнувањата и утврдување на приоритетите за понатамошна соработка.
- 27.05 2025И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започнала пред повеќе од една деценија, и вложени се над 520 милиони денари, со ревизијата се утврди дека процесот сè уште не е завршен, односно скенирани се 52% од записите, а внесени во електронскиот регистар се 49% од предвидениот обем на активности. Недостатокот на јасна стратегија, контролни механизми и квалификувани човечки ресурси го оневозможуваат подобрувањето на услугите за граѓаните и го зголемуваат ризикот од злоупотреби и губење на податоци од трајна вредност.
- 22.05 2025Државниот завод за ревизија потпиша Меморандум со проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од владите на Швајцарија и Шведска
- 21.05 2025Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски имаше средба со г. Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје на која се дискутираше за продлабочување на соработката меѓу двете институции
- 19.05 2025Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари билатерална средба со делегацијата на Судот на ревизори на Кралството Белгија предводена од Претседателот на судот Г-ѓа Флоренс Тис (Florence Thys - Cour des Comptes) посветена на непосредно запознавање со мисијата, целите и работењето на двете Врховни ревизорски институции
- 16.05 2025Во организација на Меѓународниот одбор на ревизори, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на студиска посета и обука во седиштето на НАТО во Брисел
- 15.05 2025Управувањето со безбедноста на сообраќајот на патиштата се однесува на нормите, методите и мерките на превенција и санкции што се користат за да се спречат или намалат несаканите последици врз учесниците во сообраќајот