dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Средба со претставници на Светска банка за унапредување на политиките за јавен долг

30.05.2025

На барање на претставниците на Светска банка, г. Lars Jessen, специјалист за управување со јавен долг, и г. Mitchell O'Brien, консултант, на 29 мај 2025 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски одржа состанок на кој се дискутираше за улогата на ревизијата во подобрување на политиките за управување со јавен долг во државата.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски, во своето обраќање нагласи дека јавниот долг претставува едно од најкритичните прашања за економската стабилност и долгорочната одржливост, и дека е исклучително важно институциите кои имаат улога во неговото управување да се засноваат на професионализам, отчетност и силна институционална култура.

На состанокот беа презентирани досегашните ревизии за јавниот долг и  управувањето со јавниот долг, а се разви и конструктивна дискусија за можностите за поддршка од Светска банка во насока на зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на јавната финансиска отчетност и дисциплина.

Државната ревизија останува посветена на својата мисија да обезбеди независна и објективна проценка на управувањето со јавните средства, а преку соработката со меѓународни партнери како Светска банка, се зајакнуваат и капацитетите на националните институции за поефикасно справување со предизвиците на јавниот долг.

 

Фотографија 2

 

Фотографија 1

 

Фотографија 3

 

 

Фотографија 4

 

Фотографија 5