dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Едукација за финансиско известување на учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година

01.10.2025

Државниот завод за ревизија, со поддршка од канцеларијата на ОБСЕ и Швајцарската програма за поддршка на изборите 🇨🇭 спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), организираше тридневна едукација за учесниците во изборната кампања за претстојните локални избори. 

Државниот завод за ревизија, како општествено одговорна институција, ја презема оваа иницијатива со цел да им помогне на учесниците во изборната кампања да подготват прецизни и транспарентни финансиски извештаи, согласно обврските утврдени во Изборниот законик. Овој пристап е дел од континуираните напори за подобрување на отчетноста и довербата во изборните процеси. 

Едукацијата опфати предавања и практични вежби за начинот на изготвување на финансиските извештаи, со спецификација на приходите и расходите во кампањата. Учесниците добија можност директно да се запознаат со начинот на финансиското известување и со тоа да придонесат кон поефикасно, фер и транспарентно спроведување на изборите.

Едукацијата ја реализираше г-ѓа Катерина Чалоска Алексовска, помошник на Главниот државен ревизор за ревизија во секторот за ревизија на политичките партии, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и следење на изборниот процес.

Со вакви активности, Државниот завод за ревизија го потврдува својот активен придонес кон градење на интегритетот на демократските процеси и зајакнување на јавната доверба.