dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зголемување на знаењата и вештините на државните ревизори – едукација на државните ревизори организирана од Врховната ревизорска институција на Република Чешка

13.10.2025

Реализирајќи ги стратешките определби на Државниот завод за ревизија и имплементација на Меѓународните страндарди на ИНТОСАИ во делот на зголемување на знаењата и вештините на државните ревизори а во согласност со потпишаниот Меморандум за соработка во организација на Врховната ревизорска институција на Република Чешка во периодот од 6 до 10 октомври 2025 година, во Центарот за обука на Врховната ревизорска институција во Преставлки се одржа меѓународна обука за ревизори.

На обуката учествуваа претставници од Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија и претставници од Врховната ревизорска институција на Република Украина.

На учесниците им се обрати Претседателот на Врховната ревизорска институција на Република Чешка, г-дин Miloslav Kala, и заменик-претседателот, г-дин Jan Málek, кои ја потенцираа важноста на меѓународната соработка и континуираниот професионален развој во областа на државната ревизија.

Во текот на обуката беа разгледувани повеќе актуелни теми поврзани со:

  • прилагодување на современите ревизорски стандарди и практики;
  • унапредување на ефикасноста и транспарентноста во ревизорските процеси;
  • идентификување и проценка на ризици;
  • дефинирање јасни и мерливи ревизорски критериуми при ревизии на успешност;
  • користење на BIEP платформата за споделување идеи, искуства и индикатори меѓу институциите-членки;
  • примена на современи дигитални алатки за анализа и визуелизација на податоци со цел подобрување на ревизорските извештаи и комуникацијата со јавноста;
  • можности за активно учество во меѓународни проекти и користење на ресурсите достапни преку мрежата EUROSAI.

Оваа обука претставуваше одлична можност за размена на искуства, знаења и добри практики меѓу учесниците од врховни ревизорски институции на Република Северна Македонија, Република Украина и Република Чешка, Обуката, истовремено ја поттикна и понатамошната соработка меѓу институциите со цел унапредување на ревизорската професија на регионално и европско ниво.