dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соопштенија и вести

07.07.2025

Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот држав

30.06.2025
Во рамки на спроведената програма, ДЗР изврши 88 ревизии, изработени се 132 ревизорски извештаи, а опфатени се 239 субјекти од јавниот сектор.
26.06.2025
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, ја истакна вредноста на овој процес за институционалниот развој на ДЗР и упати благодарност до тимот од НИК
24.06.2025
Oпштина Центар искажува 4.482.480 евра побарувања, за кои не е утврдена старосната структура и можноста за нивна наплата, а утврдените неправилности при доделувањето на договорите за јавни набавки влијаат на доследно почитување на основните начела при ДДЈН утврдени во Законот за јавни набавки
17.06.2025
Ревизијата на финансиското работење и усогласеноста на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година укажува на сериозни предизвици во исполнувањето на законските надлежности за развој на туризмот. Констатирани се слабости во планирањето, спроведувањето на програмските активности, управувањето со средства и почитувањето на законската регулатива, што резултира со нецелосно искористување на туристичките потенцијали и ограничен ефект од преземените мерки за промоција и поддршка на туризмот
13.06.2025
Со позитивна енергија, креативност и тимска работа, успешно го реализиравме вториот Хакатон организиран од Државниот завод за ревизија во соработка со Националната ревизорска канцеларија на Норвешка
12.06.2025
Ревизорите утврдија недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари. Застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување го доведуваат друштвото до сериозни предизвици во работењето
04.06.2025
Во Варшава, Полска, се одржа висока конференција на тема „Безбедноста на земјите од ЕУ од перспектива на врховните ревизорски институции“, во организација на Врховната ревизорска институција на Полска (NIK)
03.06.2025
Непостоење на јасен критериум за регионални проекти, распределба на средства преку линиските министерства наспроти распределба на средства преку Програмата за рамномерен регионален развој, распределба на средства на општини и проекти без јавен повик во нетранспарентна постапка, отсуство на систем за оценка и одржливост на проектите има влијание на ефектите од јавните инвестиции во регионалниот развој
30.05.2025
На барање на претставниците на Светска банка, г. Lars Jessen, специјалист за управување со јавен долг, и г. Mitchell O'Brien, консултант, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски имаше средба на која се дискутираше за улогата на ревизијата во подобрување на политиките за управување со јавен долг во државата