dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Иновации во ревизијата за зајакнување на транспарентноста и отчетноста во работењето

13.06.2025

Со позитивна енергија, креативност и тимска работа, успешно го реализиравме вториот Хакатон организиран од Државниот завод за ревизија во соработка со Националната ревизорска канцеларија на Норвешка! 🙌

Под темата: „Иновативни алатки во интерес на ревизорски активности и презентирање на резултатите од истите во јавноста“, овластените државни ревизори формираа тимови и ги презентираа своите иновативни решенија за подобрување на ревизорските процеси и јавното информирање.

Настанот беше вистинска инспирација за сите кои веруваат во моќта на иновацијата, тимската работа и транспарентноста во јавниот сектор.

Ревизорите од Државниот завод за ревизија организирани во тимови работеа на развој и презентација на иновативни решенија со цел унапредување на ревизорските процеси, со особен фокус на транспарентноста и јавното информирање.

Овој настан ја потврдува заложбата на ДЗР за унапредување на ревизорските практики преку користење на нови технологии и активно вклучување на ревизорите во процесот на трансформација.

Хакатонот претставуваше уникатна можност за размена на идеи, креативно размислување и меѓусебно учење, со цел промовирање на иновативен пристап во државната ревизија.

Им благодариме на сите учесници кои вложија знаење, време и ентузијазам!
Овој хакатон е уште еден чекор напред кон модерна, ефикасна и отворена ревизија.