Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во присуство на Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, им ги врачи решенијата за унапредување на вработените кои се распоредени на работни места „Советник на главниот државен ревизор“ и „Помошник на главниот државен ревизор“, согласно последно објавените огласи за унапредување.
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Соопштенија и вести
28.05.2025
Во периодот 26 - 27 мај 2025 година, претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваа на годишниот состанок за проектот за соработка со Националната канцеларија за ревизија на Норвешка (NAON), кој се одржа во Осло. Настанот претставуваше продолжение на долгогодишната успешна соработка помеѓу двете институции, со цел заедничка евалуација на постигнувањата и утврдување на приоритетите за понатамошна соработка.
27.05.2025
И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започнала пред повеќе од една деценија, и вложени се над 520 милиони денари, со ревизијата се утврди дека процесот сè уште не е завршен, односно скенирани се 52% од записите, а внесени во електронскиот регистар се 49% од предвидениот обем на активности. Недостатокот на јасна стратегија, контролни механизми и квалификувани човечки ресурси го оневозможуваат подобрувањето на услугите за граѓаните и го зголемуваат ризикот од злоупотреби и губење на податоци од трајна вредност.
22.05.2025
Државниот завод за ревизија потпиша Меморандум со проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од владите на Швајцарија и Шведска
21.05.2025
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски имаше средба со г. Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје на која се дискутираше за продлабочување на соработката меѓу двете институции
19.05.2025
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари билатерална средба со делегацијата на Судот на ревизори на Кралството Белгија предводена од Претседателот на судот Г-ѓа Флоренс Тис (Florence Thys - Cour des Comptes) посветена на непосредно запознавање со мисијата, целите и работењето на двете Врховни ревизорски институции
16.05.2025
Во организација на Меѓународниот одбор на ревизори, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на студиска посета и обука во седиштето на НАТО во Брисел
15.05.2025
Управувањето со безбедноста на сообраќајот на патиштата се однесува на нормите, методите и мерките на превенција и санкции што се користат за да се спречат или намалат несаканите последици врз учесниците во сообраќајот
13.05.2025
Масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување на урбанистички планови, не донесените годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од приватни лица, не изрекувањето на глоби спрема прекршителите, придонесуваат да не се исполни препорачаниот стандард на озеленетост во градовите
09.05.2025
Преку учество во еко-акции, организирање крводарителска иницијатива и средба со млади иноватори, Државниот завод за ревизија покажа дека неговата мисија ја надминува ревизијата, таа се протега кон луѓето, заедницата и иднината