dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соопштенија и вести

11.07.2024
Со извршената ревизија на процесот на доделување на договори за јавни набавки утврдени се неправилности, вклучувајќи спроведување на постапки со преговарање во “четири очи'” без јасно дефинирани критериуми и нееднаков третман на економските оператори, што влијае врз ефикасното користење на јавните средства
10.07.2024
Двајцата соговорници разговараа за улогата и значењето на Државниот завод за ревизија, особено во делот на вршењето на ревизиите во областа на енергетиката
09.07.2024
На работната средба, Главниот државен ревизор и Генералниот секретар на Владата разговараа на повеќе теми и области поврзани со предизвиците во управувањето со јавните финансии
09.07.2024
Иако е дизајнирана системска сеопфатна правна и институционална рамка за управување со јавниот долг и покрај позитивните оценки од ЕУ и ММФ за процесот на сервисирање на долгот поради достигнатото ниво на јавен долг од 62,1% од БДП на 31.12.2023 година и обврските за еврообврзниците кои доспеваат во периодот 2025-2028 година, потребно е претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и соодветна фискална политика
06.07.2024
Потребна е исклучителна политичка волја и од власта и од опозицијата, натпартиски напори, како и враќање на довербата во правосудството
04.07.2024
ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта 12 години континуирано работи со блокирана сметка и основната дејност ја извршува во рамки на месечните лимити, кое има клучно влијание на квалитетот и континуитетот на извршување на дејноста
04.07.2024
Државниот завод за ревизија доби донација од 10 лаптоп компјутери со напредни перформанси од Националниот демократски институт (НДИ) преку проектот „Програма за парламентарна поддршка“ (ПСП), финансиран од Швајцарија
03.07.2024
Државниот завод за ревизија успешно го заврши процесот на ресертификација на системот за менаџмент со квалитет ISO 9001:2015 и доби нов сертификат валиден до мај 2027 година
02.07.2024
Според извештајот на ИОМ за 2020 година, Република Северна Македонија се наоѓа во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, а според Индексот на одлив на мозоци на Global Economy е на високото петто место од 41 европска земја
28.06.2024
Во текот на 2023 година Државниот завод за ревизија ја реализираше својата Годишна програма за работа, со која беа извршени 66 ревизии, утврдени 957 состојби и дадени се 697 препораки, сите содржани во 100 ревизорски извештаи