dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соопштенија и вести

14.02.2025
Првите луѓе на ДЗР и ИСОС заеднички оценија дека ова партнерство претставува значаен чекор кон подобрување на професионалните практики и креирање додадена вредност во работењето на двете институции
11.02.2025
Со извршената ревизија за работењето на Централниот регистар утврдени се неправилности, вклучувајќи продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри. Дополнително, утврдени се проблеми со долгови, неправилности во вработувањето и законски недоречености кои влијаат на ефективноста на институцијата
07.02.2025
Средбата беше уште една потврда на посветеноста на институциите за продолжување на напорите за унапредување на јавниот сектор, со цел зголемување на довербата на граѓаните во работата на државните органи
04.02.2025
Во текот на дводневната билатерална посета, најблиските соработници на Главниот државен ревизор презентираа на повеќе теми и области
04.02.2025
Поради ненавремено подмирување на обврските, општината од 2008 година е во постојана блокада, со намалена ликвидност и солвентност и вкупен долг од 162.218 илјади денари, а во 2012 и 2013 година, извршена е продажба на општинскиот имот од јавен интерес, поради не доставени приговори до основниот суд на налозите за извршување
30.01.2025
Со ревизијата утврдени се слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување како и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги
29.01.2025
Државниот завод за ревизија (ДЗР) се посветува на подобрување на своите услуги и транспарентност во работењето, почитувајќи ги највисоките стандарди за одговорност и отчетност
28.01.2025
Со извршената ревизија за 2023 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива
23.01.2025
Потпишувањето на писмото за соработка има за цел да постави основа за заеднички приоритети поврзани со реализација на активности кои ги зајакнуваат системите на национално ниво
15.01.2025
Со ревизијата е утврдено дека ДЗС се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање, поради недостаток на Национална стратегија за заштита и спасување, недостаток на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење