dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Анкета за оценка на квалитетот на услугите и информациите од Државниот завод за ревизија

29.01.2025

Државниот завод за ревизија (ДЗР) се посветува на подобрување на своите услуги и транспарентност во работењето, почитувајќи ги највисоките стандарди за одговорност и отчетност.

Вашето мислење како корисник на информациите кои ги обезбедуваме е исклучително важно за нас.

Со пополнување на оваа анкета, ќе ни помогнете да ги идентификуваме силните страни на нашето работење, како и потенцијалните области за подобрување. Вашиот придонес ќе биде основа за понатамошно унапредување на нашите активности и за поголема задоволство на корисниците.

Анкетата е кратка и едноставна, а Вашите одговори ќе бидат обработени анонимно и исклучиво за целите на унапредување на квалитетот на нашето работење.

Благодариме што сте дел од процесот на подобрување на услугите на Државниот завод за ревизија.

 

Линк до македонскиот прашалник: https://dzr.mk/mk/anketa 
Линк од англиски прашалник: https://dzr.mk/en/public-poll
Линк до албанскиот прашалник https://dzr.mk/sq/sondazh-publik