dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Отсуствува Национална стратегија за заштита и спасување, квалификуван персонал и несоодветно управување со имотот од страна на ДЗС

15.01.2025

 

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА                                                                               
 - Соопштение за медиуми-
       

Скопје, 15.01.2025 година

Отсуствува Национална стратегија за заштита и спасување, квалификуван персонал и несоодветно управување со имотот од страна на ДЗС

 

Со ревизијата е утврдено дека ДЗС се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање, поради недостаток на Национална стратегија за заштита и спасување, недостаток на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење

 

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Дирекција за заштита и спасување, за 2023 година.

Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со Одлуки на Владата на Република Македонија, во 2005 година на ДЗС и се отстапени на користење вкупно 198 објекти (100 засолништа и 98 деловни простории - канцеларии, магацини, гаражи и друго).

Во деловните книги евидентирани се 24 градежни објекти (12% од вкупниот број на доделени објекти), но за истите не беа презентирани имотни листови како и документација за применетата методологија по која е извршена проценката на нивната вредност. Во 2019 година ДЗС, до Бирото за судски вештачења има доставено барање за извршување на процена на 32 градежни објекти. Бирото доставило Процена на  вредноста, но до денот на известување од извршената ревизија деловните објекти не се евидентирани во деловните книги на ДЗС.

За останатите 142 градежни објекти (72% од вкупниот број дадени на користење) не е започната постапка за проценка на вредноста и евидентирање во деловните книги на ДЗС, иако за оваа состојба дадена е препорака и во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија за 2010 година.

A room with a computer desk and a chair

Description automatically generated   A metal shelves with metal straps

Description automatically generated with medium confidence   A blue machine in a room

Description automatically generated

Засолништа во Скопје, Општина Карпош

  A room with metal beds and pipes

Description automatically generated                 A long hallway with metal doors

Description automatically generated

   Засолниште во Велес                               Општина Аеродром

   

Со посета на дел од засолништата кои и се доделени на ДЗС, а се наоѓаат во подрачните одделенија во Општините Центар, Аеродром, Карпош, Гази Баба, Велес и Штип, кои располагаат со вкупно 32 засолништа,  утврдивме дека ДЗС не врши нивно тековно одржување. Голем дел од засолништата се блокирани или затворени од препреки од дрва и кабаст отпад, дел од нив се отворени и личат на депонии, а некои  се магацини за стара опрема. Некои засолништа не се во функција поради неисправни системи за вентилација и недостаток на струја и вода. Истовремено, едно засолниште се користи од приватно правно лице, за кое користење не ни беше доставена документација за закуп, ниту пак утврдивме соодветен приход по овој основ.

slika_1

 

 

 

 

 

A ceiling with a hole in it

Description automatically generatedA pile of old typewriters

Description automatically generated  

Дел од опремата на ДЗС сместена во магацините е нефункционална, неупотреблива и технолошки застарена, некомпатибилна, непроверена, несервисирана веќе подолг период, со поминат рок на употреба. Дел од  опремата  која е доделена од МО согласно делбен биланс уште во 2005 година, е постара од 40 години.  

 

 

 

                                                              

   

Магацин на ДЗС во лоша состојба во кој е сместена неупотреблива, нефункционална и стара опрема

Согласно Правилникот за систематизација на работните места, во ДЗС предвидени се седум работни места за пилоти, но до јуни 2024 година пополнети се три. По заминувањето на двајца пилоти во пензија, ДЗС остана со  еден активен пилот. По извршениот вонреден инспекциски надзор, АЦВ времено го ограничила ДЗС во извршувањето на летечки операции поради недостигот на квалификуван воздухопловен персонал. ДЗС поднела барање до Владата за согласност за ангажирање на двајца пилоти по договор за дело, Поради недостиг на пилоти воздухопловите на ДЗС нема да можат да се користат, што ќе има влијание врз целокупниот процес на заштита од пожари. Имајќи предвид дека во првата половина на месец јули 2024 година на територијата на Републиката активни се повеќе од 10 пожари на отворено, од страна на ДЗС со пензионираните пилоти, склучени се договори за дело за период од три месеци.

ДЗС нема донесено пишани критериуми за утврдување на потребите и приоритетите за набавка на противпожарна опрема и средства за гасење на пожари за противпожарните единици. Во 2023 година набавени се 40 изолациски дишни апарати и 20 рачни термални камери за пожарникари, но истите не се распоредени на ТППЕ по општините, туку се складирани во магацините на ДЗС. Дополнително во март 2024 година набавени се уште 40 изолациски дишни апарати, кои исто така се наоѓаат во магацините на ДЗС.

За периодот по 2018 година не е донесена Национална стратегија за заштита и спасување, иако во 2021 година се изработени  нацрт Национална стратегија за заштита и спасување и Акциски план за период од 2022-2025, но истите сеуште не се донесени. Ваквата состојба  создава ризик од некоординирани активности на локално, национално, регионално и меѓународно ниво при справувањето со опасностите од природни непогоди и други несреќи и влијае врз целокупниот систем на заштита и спасување во државата.

ДЗС секоја година склучува договор за ЈН за осигурување на воздухоплови. Со ревизијата е утврдено дека во континуитет со договор се ангажира надворешен експерт/брокерско друштво за кое за две години се исплатени средства во износ 25% од вредноста на склучените договори или 12.787 илјади денари, односно 208 илјади евра. Обврските на друштвото вклучуваат и посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие за сите класи на осигурување, како и вклучување во изработка на техничка спецификација за ЈН за осигурување.

Не ни беа презентирани доволно убедителни докази за потребата и оправданоста на брокерот во посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие.

Во Законот за јавни набавки се утврдени надлежностите на комисијата за јавни набавки која помеѓу другото треба да ја подготви тендерската документација. ДЗС не ја докажа потребата и оправданоста од ангажирање на брокерот за изработка на техничка спецификација од причина што во Правилникот за организација и работа на ДЗС е утврдено дека одделението за специјализирани услуги со воздухоплови е надлежно за изготвување на документација потребна за каско осигурување, набавка на делови и гориво за воздухопловите, како и да учествува во подготовка, организирање и спроведување на тендерите.

Имајќи предвид дека се работи за ист предмет на осигурување, авиони кои се набавени во 2010 година и во континуитет се врши нивно осигурување не добивме уверување за потреба од ангажирање на надворешни експерти во постапката за ЈН, како и не беа доставени документи од кои ќе можеме да потврдивме дека брокерското друштво го реализирало предметот на договорот. Договорено е дека брокерот ќе ги извршува обврските во својство на консултант или стручен соработник без финансиски надомест кон ДЗС, а ДЗС се согласува со исплата на посредничка провизија која осигурителниот брокер ја наплаќа од осигурителното друштво по извршена уплата на премијата за осигурување од страна на ДЗС, но не е утврден нејзиниот % (процент). Висината на посредничката провизија е утврдена во одлуките за ЈН и тоа на 25% од вредноста на договорот односно вкупната договорена премија. 

 

Прес  контакт:

Албиона  Мустафа Мухаџири  +389 72228 203 [email protected] 
Мијалче  Дургутов  +389 70 358 486 [email protected] 
Мартин Дувњак    +389 75 268 517 [email protected]