dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Имплементација на Агенда 2030 фокус на новата паралелна ревизија

21.03.2023
Слика
ДЗР и ВРИ Србија

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски со неговите соработници, ја пречекаа делегацијата од Државната ревизорска институција на Република Србија, предводена од Претседателот д-р Душко Пејовиќ.

Г. Ацевски го изрази своето задоволство од досегашната соработка и постигнатите резултатите особено од спроведената паралелна ревизија “Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“  и се заложи оваа соработка меѓу двете институции да продолжи и понатаму преку нови заеднички ревизии.

Фокус на денешната средба беше Агендата 2030 на Обединетите нации, која претставува универзална рамка за зајакнување на колективната акција кон имплементација на поставените цели за одржлив развој, односно искоренување на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет.

Во овој контекст, претставниците на двете врховни ревизорски институции се договорија за спроведување на паралелната  ревизија на  успешност, на тема поврзана со подготвеноста на двете земји за имплементација на Целите за одржлив развој до 2030 година, согласно Агендата 2030 на Обединетите Нации.

Главниот државен ревизор на Државната ревизорска институција на Република Србија, г. Пејовиќ истакна дека очекува со заедничките активности во паралелната ревизија да се даде придонес кон економски, социјален и еколошки одржлив развој во општеството.

Покрај интензивирањето на соработката меѓу двете институции, ова посета има улога и во размената на информации и искуства, во интерес на натамошно унапредување на надворешната ревизија и подобрување на управувањето со јавните средства.