dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР потпиша Меморандум за соработка со ИФЕС

10.02.2023
Слика
Потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу ДЗР и ИФЕС

Со Меморандум за соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во нашата држава, се воспоставува соработка чија цел е зголемена ефективност во извршувањето на ревизорските функции, управувањето со ризици од корупција, како и унапредување на комуникацијата со јавноста.

Меморандумот за соработка се потпиша од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и директорката на канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во нашата држава Јоана Козма.

На средбата Главниот државен ревизор изразувајќи благодарност за поддршката која ја добива Државниот завод за ревизија од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) ја истакна отвореноста и подготвеноста на ДЗР како сериозна, независна и кредибилна институција во насока на реализирање на заедничките активности официјализирани во меморандумот.

Во фокусот на склучениот Меморандум за соработка се придобивките во однос на зголемување на стручноста и унапредување на професионалниот развој на вработените во ДЗР, унапредување на дигитализацијата преку иновативни алатки и софтверски решенија, иновативни алатки и пристапи за спречување или репресија на корупцијата и подобрена транспарентност и отчетност во насока на зголемување на јавната свест за областите на корупција и утврдените состојби и работата на ДЗР.