Известување до радиодифузерите, печатените и електронските медиуми

09.11.2021 - 09:00
Слика
Известување до радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (електронските портали)

Државниот завод за ревизија ги известува сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) во Република Северна Македонија кои имаат земено учество во медиумското покривање во вториот круг на изборниот процес за Локални изборите 2021 година се должни до Државниот завод за ревизија најдоцна 15 дена од денот на завршување на изборната кампања за вториот круг односно до 13 ноември 2021 година да поднесат Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа согласно одредбите од член 85-а од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21 и 215/21). Извештајот се поднесува на образец пропишан од министерот за финансии.

Ве информираме дека образецот за извештај е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/11 и 60/14).

Исто така, за Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти, на следниот линк:

 

https://dzr.mk/sites/default/files/2021-10/Pravilnik_izmena_pravilnik_obrazec_izvestaj_reklamen_prostor_organizatori_izborna_kampanja.pdf

 

Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа потребно е да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно [email protected] испратен од  емаил адресата на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) донесен од Државната изборна комисија.

За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 13 ноември  ќе  обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено  ќе овозможи и  електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР [email protected].

Укажуваме дека,  согласно одредбите од член 189-а став 1 од наведениот закон пропишана е Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот или печатениот медиум кој нема да поднесе извештај за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа, најдоцна 15 дена по денот на завршувањето на изборната кампања. Исто така глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорниот уредник за дејствијата од ставот 1 на член 189-а.