dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Средба со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

12.10.2021
Слика
Средба со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР

На 05 октомври 2021 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми остварија средба со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР која ќе го следи спроведувањето на локалните избори во Република Северна Македонија закажани за 17 октомври 2021 година.

Средбата се одржа на барање на претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР со цел запознавање со активностите кои се преземаат од Државниот завод за ревизија во однос на спроведувањето на законските надлежности за спречување на корупцијата, односно следење на законитоста на финансирањето на политичките партии и изборната кампања.

Главниот државен ревизор потенцираше дека Државниот завод за ревизија преку ревизијата на политичките партии континуирано укажува и констатира одредени системски слабости во финансирањето на политичките партии за време на изборните кампањи.