Во текот на дводневната билатерална посета, најблиските соработници на Главниот државен ревизор презентираа на повеќе теми и области
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 04.02 2025Поради ненавремено подмирување на обврските, општината од 2008 година е во постојана блокада, со намалена ликвидност и солвентност и вкупен долг од 162.218 илјади денари, а во 2012 и 2013 година, извршена е продажба на општинскиот имот од јавен интерес, поради не доставени приговори до основниот суд на налозите за извршување
- 30.01 2025Со ревизијата утврдени се слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување како и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги
- 29.01 2025Државниот завод за ревизија (ДЗР) се посветува на подобрување на своите услуги и транспарентност во работењето, почитувајќи ги највисоките стандарди за одговорност и отчетност
- 28.01 2025Со извршената ревизија за 2023 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива
- 23.01 2025Потпишувањето на писмото за соработка има за цел да постави основа за заеднички приоритети поврзани со реализација на активности кои ги зајакнуваат системите на национално ниво
- 15.01 2025Со ревизијата е утврдено дека ДЗС се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање, поради недостаток на Национална стратегија за заштита и спасување, недостаток на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење
- 14.01 2025ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија во континуитет се соочува со големи загуби во водоснабдувањето. Ревизијата укажува дека само половина од испорачаната вода е фактурирана на граѓаните, додека остатокот се губи поради технички дефекти, нелегални приклучоци и нефактурирана комунална потрошувачка. Овие загуби сериозно влијаат на приходите на јавното претпријатие и на даноците (ДДВ и данок на добивка) кои се приход на државниот буџет
- 26.12 2024ДЗР во 2025 година планира да изврши најмалку 78 ревизии, од кои најмалку 61 се однесуваат на ревизија на регуларност, најмалку 13 ревизии на успешност и најмалку 4 ревизија на усогласеност