dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР домаќин на ИТ настан за ревизија на дата базата Oracle

26.02.2025

Во периодот 25-27.02.2025 година, Државниот завод за ревизија е домаќин на работната ИТ група и настан на кој во фокус е програмата за ревизија на конфигурацијата (сетирањата) на дата базата Oracle, а на кој учествуваат претставници од Државниот завод за ревизија, Канцеларијата на Главниот ревизор на Норвешка, како и претставници од Врховните ревизорски институции на Република Словенија и Република Косово.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски посакувајќи им добредојде на претставниците на Врховните ревизорски институции дел од работната ИТ група, истакна дека единствено преку учење едни од други, може да се оствари прогрес и напредок во вршењето ревизија со употреба на новите информатичко-технолошки алатки.

Програмите за ревизија на базата на Oracle може да се вградат во ревизиите за информациска безбедност, формирајќи основа за тестирање на техничките контроли што ги спроведува субјектот за да се ублажат сајбер заканите. Програмата за ревизија на базата на податоци Oracle може да биде дел и од финансиските ИТ ревизии.

Настанот се реализира како дел од активностите предвидени во Меморандумот за соработка помеѓу ДЗР и ОАГН кој беше потпишан во 2022 година, дополнет со нови активности во годишниот план изготвен во април 2024 година.