Во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со госпоѓа Никол Варнс, заменик-шеф (заменик амбасадор) на Мисијата во Амбасадата на САД во државата.
Главниот државен ревизор, заблагодарувајќи се на интересот за посетата, ги презентираше резултатите и активностите на ДЗР во изминатиот период, со посебен акцент на напредокот на институцијата во усогласување со современите ревизорски стандарди, зголемувањето на транспарентноста и зајакнувањето на соработката со засегнатите страни.
Тој, исто така, изрази благодарност за поддршката на Амбасадата на САД, како стратешки партнер на нашата држава на патот кон ЕУ и ја нагласи важноста на тековните активности кои се насочени кон развој на институционалните капацитети и модернизација на ревизорските процеси.
Заменик амбасадорот, поздравувајќи ги постигнувањата и успесите на Државниот завод за ревизија, изрази подготвеност за понатамошна соработка во насока на поддршка на заложбите на институцијата.