dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Државниот завод за ревизија и Светска банка со заедничка визија за поефективни јавни финансии

25.11.2025

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, заедно со своите соработници, остварија работна средба со делегација на Светска банка предводена од г-ѓа Медиха Агар, претставничка на Мисијата за поддршка на спроведувањето на проектот „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии“, финансиран од Светска банка.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ги запозна претставниците на Светска банка со тековните активности на Државниот завод за ревизија на домашен и меѓународен план, постигнатите резултати и улогата на ДЗР како Врховна ревизорска институција во државата.

Г-ѓа Агар, изразувајќи благодарност за презентираните резултати, ги потенцираше импресивните и инспиративни достигнувања на ДЗР, нагласувајќи дека институцијата се позиционира како лидер не само во регионот, туку и на глобално ниво.

На средбата се дискутираше за идните заеднички активности, поддршката на Светска банка во натамошното унапредување на работењето на ДЗР, како и за потенцијалните области за нови проектни иницијативи насочени кон градење ефективни механизми за државна ревизија и зајакнување на системите за управување со јавните финансии.