dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Делегација на Европскиот суд за ревизори во посета на Државниот завод за ревизија

25.09.2024

На ден 25.09.2024 година, делегација на Европскиот суд за ревизори предводена од д-р Лаима Луција Андрикиене, член на Европскиот суд на ревизори, го посети Државниот завод за ревизија, каде што оствари работна средба со Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми со своите соработници.

На работната средба на која во фокус беше Планот за раст на Западен Балкан и очекуваните придобивки од неговата имплементација во процесот на евроинтеграција на регионот и конкретно на нашата земја присуствуваa и г. Томас Макевициус и  г. Пјетро Пуричела од Европскиот суд на ревизори, како и заменик евроамбасадорот на делегацијата на ЕУ во државата, г. Бен Нупнау.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заблагодарувајќи се на посетата и интересот на делегацијата на Европскиот суд за ревизори во Државниот завод за ревизија, ги презентираше резултатите и активностите на ДЗР, како и клучните утврдени состојби во спроведените ревизии од областа на користењето на средствата од ЕУ фондовите и нивниот степен на искористеност во државата.

Соговорниците изразија подготвеност во следниот период да бидат преземени дополнителни активности за продлабочување и интензивирање на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Европскиот суд за ревизори во професионалниот развој и едукација на вработените и зголемување на вештините и знаењата во повеќе области.