dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Вработени од Државниот завод за ревизија учесници во Швајцарската стипендиска програма

11.09.2024

На покана на Амбасадата на Швајцарија во државата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски присуствуваше и се обрати на вчерашната церемонија во чест на стипендистите на Швајцарската стипендиска програма, која се спроведува во рамките на Програмата за парламентарна поддршка во која активно учествуваат и се дел и вработени од Државниот завод за ревизија.

Со воведни обраќања и честитки за стипендистите на настанот се обратија Н.Е. Вероник Улман, Амбасадор на Швајцарија во државата, г-ѓа Марина Димовска, Генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ја потенцираше заложбата на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција со високо оценет интегритет и професионалност, која постојано вложува во унапредувањето и зајакнување на капацитетите на своите вработени, претставувајќи кредибилен извор за поддршка на корисни промени во јавниот сектор.

Програмата финансиски ја поддржува собраниската служба во нејзиното стручно усовршување од 2018 година, а од 2023 година е наменета и за вработените на Државниот завод за ревизија. Изминатите 6 години, финансиски се поддржани 41 вработен и тоа за академски студии, јазични курсеви, обуки за човечки ресурси, маркетинг, јавни набавки и информатички курсеви.