Државниот завод за ревизија во периодот 27-30 август 2024 година беше домаќин на одржаната работилница во рамки на Програмата за безбедност на информациите од проектот на INTOSAI IDI Development Initiative - Information Security Program, InfoSec for SAIs.
Работилницата со воведни обраќања ја отворија Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми и г. Танвир Хасан, менаџер за управување со ИКТ во IDI INTOSAI, кои на учесниците им посакаа успешна и продуктивна работилница во насока на размена на знаења и искуства.
Државниот завод за ревизија во активностите од Програмата за безбедност на информациите e претставуван од Сашо Јаковчевски, Помошник на главниот државен ревизор за ревизија на информациските системи, Горан Поповски – Самостоен ревизор и Дениз Багашов – Помлад ревизор.
Во изминатиот период беа одржани повеќе работни состаноци на ZOOM платформата во кои се презентираа имплементираните мерки од стандардот, ISO/IEC 27001 во рамките на Државниот завод за ревизија. Исто така, беше изработен и доставен документ за Ризиците во ИТ системите согласно стандардот, ISO/IEC 27001 и беа добиени препораки за намалување на ризиците од менаџер за управување со ИКТ во IDI INTOSAI. Во процесот на самооценување на ризиците во ДЗР беа вклучени и други колеги од ИТ секторот.
Покрај претставниците од Државниот завод за ревизија, на одржаната работилница свои претставници имаа и Врховните ревизорски институции кои користат ISO 27001 и тоа: Соединети Американски Држави, Шпанија, Гана, Танзанија, Србија и Албанија.