Во периодот 14-15.05.2024 година, Главниот државен ревизор, г. Максим Ацевски придружуван од г. Иван Игњатов, Советник на Главниот државен ревизор присуствуваа на годишниот состанок на Државните ревизорски институции членки на НАТО во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.
На состанокот се презентираше Годишниот Ревизорски Извештај за 2023 година, подготвен од Бордот на ревизори на НАТО, како и потребата и можностите за зајакнување на професионалната соработка на ДЗР со Меѓународниот борд на ревизори на НАТО (IBAN).
Воедно, за време на посетата, Главниот државен ревизор оствари и работна средба со г. Дане Талески, Амбасадор на Република Северна Македонија во НАТО.