dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Продлабочување на соработката со Јавното обвинителство

01.12.2023

На ден 01.12.2023 година, се одржа работилница на тема: „Продлабочување на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија со фокус на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD) во државата.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во своето воведно обраќање изрази задоволство од интензивираната соработка и комуникација помеѓу ДЗР и Јавното обвинителство на РСМ, како резултат на потпишувањето на Меморандумот за соработка и притоа потенцираше дека очекува оваа продлабочена соработка со ЈОРМ да донесе конкретни резултати и постапувања по конечните ревизорски извештаи и од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На работилницата на која учествуваа јавни обвинители од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Генералниот секретар на ДЗР г. Александар Поповски го презентираше нацрт Задолжителното упатство за постапување на државните ревизори во случај на утврден сомнеж за кривично дело или незаконско користење на средства, образецот за доставување на Конечни ревизорски извештаи и образец за добивање на повратни информации кои треба да придонесат за поефикасна комуникација и соработка помеѓу ДЗР и ЈОРМ.

Помошниците на Главниот државен ревизор г-ѓа Соња Камбовска и г-ѓа Росица Шалевиќ Христовска имаа презентации за најчесто утврдените состојби во ревизорските извештаи и за структурата на ревизорските извештаи и преку практични примери од извадоци од конечни ревизорски извештаи придонесоа за конструктивна дискусија и предлози од учесниците на денешната работилница.