dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Унапредување на професионалниот развој на вработените на ДЗР

29.11.2023

Државниот завод за ревизија вложува во унапредувањето и професионалниот развој на вработените кои пак од друга страна покажуваат ентузијазам за нови знаења, нова визија и усовршување на нивните вештини.

На 27 и 28 ноември 2023 година, вработени на Државниот завод за ревизија учествуваа на дводневна работилница на тема Подготвување на годишната програма на Државниот завод за ревизија врз основа на Националната развојна стратегија и анализа на финансиските извештаи.

Фокусот на работилницата беше изготвување на Годишна програма за работа на Државниот завод за ревизија опфаќајќи ги и поставените цели на Националната развојна стратегија, која ќе ги одразува стремежите, очекувањата и согледувањата за едно подобро економски развиено општество и благосостојба за граѓаните.

Во својот воведен говор, Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски заблагодарувајќи се на организаторите на оваа работилница, Програмата за развој на Обединетите Нации во нашата држава (УНДП) го истакна неговото задоволство од досегашната соработка како сериозен партнер кој вложува во унапредувањето и професионалниот развој на вработените на Државниот завод за ревизија, кои пак од друга страна покажуваат ентузијазам за нови знаења, нова визија и усовршување на нивните вештини.

Национална развојна стратегија е сеопфатен документ за економскиот, социјалниот, еколошкиот и културниот развој на нашата држава во следните 20 години, чија цел е обезбедување долгорочни развојни приоритети.

Говорник на ова работилница беше проф. д-р Марина Трпеска, редовен професор на Економскиот факултет на УКИМ, а воедно и член на Фискалниот совет предложена од Државниот завод за ревизија, која освен за стратешките области, приоритетите и индикаторите за мерење на Националната развојна стратегија и нејзината вклученост во Годишната програма на Државниот завод за ревизија, на работилницата исто така беа опфатени и теми поврзани со аналитичките постапки и анализа на финансиските извештаи, рацио анализа и практична имплементација на финансиски извештаи од јавен сектор, како и Cost Benefit анализа.