dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Едукација за обучувачи на Програмата за превенција од корупција

29.11.2023

На 27 и 28 ми Ноември, 18 овластени државни ревизори земаа активно учество на едукација за обучувачи на Програмата за превенција од корупција, како активност во рамки на проектот „Активност за антикорупција и интегритет“ којшто Државниот завод за ревизија го спроведува со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а со несебична поддршка од страна на УСАИД.

Изминатиот период, успешната соработка на ДЗР со Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА) и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) резултираше со успешно реализирање на Програмата за превенција од корупција на 101 вработен од ДЗР кои се стекнаа со Меѓународен сертификат за управување со ризици од корупција.

Работилницата за обучувачи која ја спроведоа г-ѓа Фиона Феитбрејн и г-ѓа Лилјана Цветаноска, обучувачи при ЦИПФА, има за цел да ги зголеми вештините и знаењата на вработените од Државниот завод за ревизија како идни обучувачи и предавачи во натамошни активности од областа на превенцијата на корупцијата и соодветна дисеминација на стекнатите знаења и вештини на внатрешни и надворешни обуки за континуиран професионален развој.

Програмата за превенција од корупција е подготвена и развиена како амбициозна програма од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) и Овластениот институт за јавни финансии и сметководство - ЦИПФА, а поддржана од Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и УСАИД.