dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Интензивирање на соработката на ДЗР и Јавното обвинителство

13.11.2023

На ден 10.11.2023 година, се одржа работилница на тема: „Зајакнување на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното Обвинителство на РСМ со посебен осврт на запознавање на јавните обвинители со методологијата и пристапот на работа на ДЗР во изготвувањето и содржината на конечните ревизорски извештаи“.


Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во своето воведно обраќање изрази задоволство од интензивираната соработка и комуникација помеѓу ДЗР и Јавното обвинителство на РСМ особено по потпишувањето на Меморандумот за соработка и притоа потенцираше дека очекува истата дополнително да биде продлабочена во следниот период  особено имајќи предвид дека двете институции имаат клучна улога во системот за превенција и борба против корупцијата.


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, г. Љубомир Јовески во своето воведно обраќање ја оцени соработката со ДЗР како одлична и истакна дека Врховната ревизорска институција во нашата земја со своите извештаи се наметнува како високо професионална, независна и објективна институција која настојува да ги детектира и навремено да укаже на сите слабости во управувањето со јавните финансии.


Директорката на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата г-ѓа Дона Костуранова изрази задоволство од интензивираните активности помеѓу двете институции, воедно напомена дека како и во претходниот период така и во иднина Фондацијата ќе продолжи да дава поддршка на работата и активностите на Државниот завод за ревизија како институција со висок степен на професионализам и интегритет.

На работилницата на која учествуваа јавни обвинители од обвинителствата ширум државата и овластени државни ревизор од Државниот завод за ревизија,  Јавниот обвинител на РСМ г. Љубомир Јовески и Генералниот секретар на ДЗР г. Александар Поповски ги презентираа нацрт Задолжителните упатства изготвени за постапување на двете институции кои ќе придонесат за поефикасна комуникација и соработка помеѓу ДЗР и ЈОРМ.

Исто така, презентација за начинот на постапување на основните јавни обвинителства по конечните ревизорски извештаи имаше г. Гаврил Бубевски, Основен јавен обвинител на ОЈО Скопје, додека пак Помошниците на Главниот државен ревизор г-ѓа Соња Камбовска и г-ѓа Росица Шалевиќ Христовска имаа презентации за најчесто утврдените состојби во ревизорските извештаи и за Структура на ревизорските извештаи.

Наведените активности претставуваат само дел од активностите кои следуваат помеѓу двете институции во насока на превенција и борба против корупцијата и обезбедување на законско користење на средствата на даночните обврзници.