dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со Амбасадорката на Кралството Шведска

27.10.2023

Денес во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми со своите соработници остварија работна средба со Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ами Ларсон Јаин.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Амбасадата на Кралството Шведска во државата и особено до даночните обврзници на Шведска, ги презентираше резултатите од работењето на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата која во континуитет преку исполнувањето на законските надлежности придонесува со својата додадена вредност во остварувањето на поефикасно контролно опкружување.

Амбасадорката на Кралството Шведска во државата, поздравувајќи ги резултатите од работењето на ДЗР и досегашните успешни активности во рамки на проектните активности помеѓу ДЗР и Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women во областа на родовата еднаквост, изрази подготвеност за обезбедување на поддршка на Државниот завод за ревизија во идните активности препознавајќи го квалитетот кој го продуцира ДЗР како институција со висок степен на професионалност и интегритет.