dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Буџетска отчетност и одговорност

20.10.2023

На покана на Националниот демократски институт (НДИ), на 18 и 19.10.2023 година во Охрид се одржа работна средба на која учествуваа претставници од Државниот завод за ревизија, Комисијата за финансирање и буџет и Парламентарната буџетска канцеларија.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници, ги презентираа клучните утврдени состојби во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на усогласеност на тема Основен буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, а пред претставниците од Собранието беше презентиран и новиот Закон за државна ревизија.

На одржаната работна средба, во текот на првиот ден, претставниците од Парламентарната буџетска канцеларија имаа презентации на следните теми:

  • Oсновни макро - економски и фискални резултати во 2022 година;
  • Главни аспекти од извршувањето на Буџетот по функции; и
  • Реализација на буџетски потпрограми од Владини програми и развојна компонента.

Преземените активности за интензивирање на соработката и комуникацијата помеѓу ДЗР и Собранието придонесе да за прв пат во историјата изминатите денови во Комисијата за финансирање и буџет се разгледуваше и дискутираше за поединечен конечен ревизорски.