dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работилница за управување со ризици од корупција

25.09.2023

Со воведните обраќања на г-ѓа Јоана Козма, директор на ИФЕС во државата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски од Државниот завод за ревизија,
г-ѓа Софка Пејовска Дојчиновска, потпретседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и г. Кхалид Хамид, меѓународен директор на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА) започна првата од предвидените четири работилници за стекнување на Меѓународен сертификат за управување со ризици од корупција кои ќе се реализираат во следните две седмици.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во своето обраќање се осврна на сериозноста во пристапот на Државниот завод за ревизија како институција од која вкупно 100 овластени државни ревизори земаат активно учество во Програмата, притоа потенцирајќи ги големите очекувања од процесот на едукација во полето на превенција од корупција.

ДЗР преку додадената вредност од спроведувањето на државната ревизија, во континуитет придонесува за зајакнување на системот за финансиско управување на јавните институции и ефективно мерење на резултатите, со цел создавање на превентивно опкружување во борбата против корупцијата и другите видови на незаконско постапување.

Програмата за превенција од корупција е подготвена и развиена како амбициозна програма од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) и Овластениот институт за јавни финансии и сметководство - ЦИПФА, а поддржана од Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, има за цел зајакнување на капацитетите на институциите во државата во спроведувањето, управувањето и следењето на ризиците од корупција и плановите за интегритет на ниво на држава, во сите субјекти од јавниот сектор.

Како резултат на оваа активност учесниците во Програмата од кои 100 учесници се вработените од Државниот завод за ревизија, ќе се стекнат со Меѓународен сертификат за управување со ризици од корупција.