dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работилница за лидерство на Врховните ревизорски институции

04.09.2023

Во организација на Врховната ревизорска институција на Шведска, во периодот од 4-6 септември 2023 година, менаџментот на Државниот завод за ревизија и на ревизорските институции на Република Албанија и Република Косово учествуваат на работилница за лидерство која се одржува во Струга.

Работилницата со воведни обраќања ја отворија Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Главниот државен ревизор на ВРИ Албанија г. Арбен Шеху, Главниот ревизор на Националната канцеларија за ревизија на Република Косово г-ѓа Влора Спанца и Раководителот за меѓународни односи на ВРИ Шведска г-ѓа Ева Тхеиз.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во своето воведно обраќање потенцираше дека единствениот начин за воспоставување на успешен и функционален модел за менаџирање на една институција е да се вложува во континуирана едукација за зајакнување на знаењето и вештините на вработените преку размена на искуства и добри практики.

Притоа, во контекст на темата на работилницата, Главниот државен ревизор го цитираше Нелсон Мандела според кој учењето е најсилното оружје кое можете да го користите за да го менувате светот, цитат кој потсетува дека едукацијата има моќ да промени животи и да ги отвори вратите кон нови можности и идеи. Едукацијата не само што го зајакнува поединецот лично, туку има потенцијал да го трансформира целиот свет.

Претставниците на Врховните ревизорски институции преку практични примери и отворена дискусија ги презентираа своите активности и постигнати резултати во работењето, притоа споделувајќи искуства за комуникација помеѓу менаџментот и вработените во институциите со цел воспоставување на успешни практики и нови методи за лидерство.