dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со претставниците на ММФ

29.08.2023

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми со своите соработници, одржаа работна средба со претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводени од г. Фриц Бахмаир – шеф на оценската мисија и претставник од Министерството за финансии.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ги презентираше резултатите од работата на Државниот завод за ревизија, особено осврнувајќи се на клучните индикатори за мерење на степенот на успешност за работата на ДЗР, комуникацијата и соработката на институцијата со засегнатите страни и надлежните институции, како и за дел од клучните утврдени состојби и дадени препораки утврдени во конечните ревизорски извештаи за извршените ревизии за успешност.

Претставниците на ММФ изразија задоволство од презентираните резултати и додадената вредност  од работата на ДЗР како врховна ревизорска институција во државата, притоа потенцирајќи го евидентниот напредок во организационата и функционална структура на институцијата.

Целта на двонеделната теренска мисија на претставниците на ММФ во државата во периодот од 23 август до 5 септември во областа на буџетските расходи е идентификување на состојбите и предложување на соодветна структура за институционализирање на функцијата за прегледи на расходите во земјата, за што е предвидено да бидат одржани повеќе работни средби и одржани две работилници со претставници од повеќе надлежни институции.