dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со Амбасадорот на ЕУ во државата Дејвид Гир

31.07.2023

Денес, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со Амбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

На одржаната работна средба, Главниот државен ревизор ги презентираше клучните резултати и додадената вредност од работата на Државниот завод за ревизија нотирани во Годишниот извештај за извршените ревизии и работата на ДЗР за 2022 година и преземените активности во врска со предложениот Предлог закон за државна ревизија.

Воедно, Главниот државен ревизор изрази благодарност до Амбасадорот Дејвид Гир за целокупната поддршка којашто претставниците на ЕУ  ја даваат за Државниот завод за ревизија, како Врховна ревизорска институција во државата.

Амбасадорот ја потенцираше потребата од целосна независност на ДЗР, и постоење на сите финаинсиски, човечки и материјални ресурси за извршување на неговите функции, како и ефективно спроведување на препораките од ревизорските извештаи.

Притоа, Амбасадорот Дејвид Гир, потенцираше дека е одлично запознаен со работата и активностите на Државниот завод за ревизија, оценувајќи ја институцијата како една од ретките институции во државата која квалитетно и професионално ја извршува својата работа во рамки на своите законски надлежности. Истовремено, истакна дека делегацијата на ЕУ во државата и понатаму ќе продолжи со давање на поддршка за ДЗР во насока на остварување на потребната оперативна и финансиска независност предвидена со новиот Предлог закон за државна ревизија.

 

Објава на Twitter профилот на Амбасадорот Дејвид Гир:

https://twitter.com/AmbassadorEU