dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Сочувството и хуманоста одлика на ДЗР

13.03.2023
Слика
Сочувството и хуманоста одлика на ДЗР

Откако во светот одекна веста за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија, Државниот завод за ревизија, уште еднаш ја покажа својата солидарност и хуманост на дело.

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски во свое име и од името на вработените, испрати телеграма со сочувство до неговиот колега Претседателот на Турскиот суд за ревизија г. Метин Јенер, изразувајќи длабоко сочувство и солидарност за катастрофалната елементарна непогода која не ги остави рамнодушни срцата на целата нација.

Неговото искрено сочувство, Главниот државен ревизор исто така му ја изрази и на амбасадорот на Република Турција, во нашата држава, г.  Хасан Мехмет Секизќок.

Тој истакна дека во овие исклучително тешки и тажни моменти, на целиот турски народ и на семејствата на настраданите им изразува искрено сочувство и длабока тага поради изгубените животи и нанесената материјална штета.

Државниот завод за ревизија како општествена одговорна институција, уште еднаш ја покажа нејзината хуманост, скромно издвојувајќи 100 илјади денари како поддршка за семејствата на настраданите граѓани на Турција и Сирија, уплатени на сметката на Црвениот Крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност Скопје, по претходно упатено Барање до Министерството за правда за потврдување на јавен интерес на донацијата на Државниот завод за ревизија.

Главниот државен ревизор, уште еднаш истакна дека големината на големите и хумани луѓе е во нивната скромност и дека се надева и силно верува дека овој чекор ќе го следат сите останати институции и граѓани.

Хуманоста ја отсликува големината на еден човек, е доблест на секој поединец кој ја покажува и докажува, врвна вредност на оние кои искрено, умеат и сакаат да подадат рака на секому кому му е потребна.