dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Законски недоречености за финансиска поддршка на иновациите

09.03.2023
Слика
ФИТР

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
- Соопштение за медиуми -

Скопје 09.03.2023 година

 

Законски недоречености за финансиска поддршка на иновациите

Неопходно е допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносни показатели по инструмент,  во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка

 

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Финансиска поддршка (ко финансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој‘‘ кај Фонд за иновации и технолошки развој согласно Годишната програма за работа за 2022 година за период од 2019 до 2021 година.   

Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти  и воспоставените политики од иновациска дејност и тоа:

  • не е извршено ажурирање на Статутот на ФИТР со измените на законската регулатива, со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и др. состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност;
  • извршување на активности од страна на ФИТР, кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со Планот на Владата на РСМ за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари;
  • нецелосна реализација на мерките и активностите утврдени со Стратегија за иновации на РСМ 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015,2016-2018и 2019-2020 година. Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани;
  • отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа  и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира;
  • во актите не е определен рокот за склучување на договорите, а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности.

Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка.

Исто така констатирано е дека Годишните програми за работа за период 2019-2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места, со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места, пополнети се само 8.

Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари.

Година

2019

2020

2021

Ангажирани лица по договор за дело-континуиран ангажман

38

45

50

Исплатени средства за договор на дело- континуиран ангажман (во 000 денари)

7.544

13.384

19.377

Ангажирани лица по договор за дело -надворешни соработници

16

15

18

Исплатени средства за договор на дело-надворешни соработници (во 000 денари)

1.746

2277

1.472

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

Во однос на реализација и мониторинг на доделената финансиска поддршка од Планот за економски раст, столб 3, ФИТР во периодот 2019-2021 година од објавените јавни повици склучил договори за 364 проекти, од кои заклучно со 20.05.2022 година реализирани се 93, а во тек се 258 проекти.

Со извршениот увид во реализацијата на јавните повици утврдивме дека во Одлуките за финансирање донесени од Комитетот за одобрување на инвестиции не е определен рок за склучување на договорите за доделување на средства, а корисниците не доставуваат навреме квартални/завршни извештаи за претходно спроведени активности, што придонесува за пролонгирање на времето на реализација на проектите.

Реализацијата на горенаведените јавни повици е прикажана на следниот график:

infografik FITR

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Исто така, со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари.

Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага, поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори.

Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг)  во вкупен износ од околу 101 милион денари.

 

Прес  контакт:

Албиона  Мустафа Мухаџири  +389 72 228 203 [email protected]

Мијалче  Дургутов  +389 70 358 486 [email protected] 

Мартин Дувњак    +389 75 268 517 [email protected]