dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Трилатерален договор за соработка за кооперативна ревизија

04.03.2023
Слика
Трилатерален договор за соработка за кооперативна ревизија

Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово потпишаа трилатерален договор за соработка за спроведување на кооперативна ревизија на успешност за родова еднаквост и зајакнување на жените од руралните подрачја преку нивна инклузија на пазарот на труд.

Церемонијата на потпишување беше дел од првиот регионален состанок во Скопје, чија цел e продлабочување на соработката меѓу ревизорските институции од Западен Балкан, која беше иницирана пред две години со поддршка на UN Women.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го отвори настанот со своето воведно обраќање, упатувајќи силни пораки и очекувања од воспоставената кооперативна ревизија со врховните ревизорски институции на Република Косово и Република Албанија и воедно потенцираше дека со заедничката активност очекува да се придонесе за подобрување на состојбите и работите во создавањето на пристојни услови за живеење и стопанисување, односно вклучување на жените од руралните средини на пазарот на трудот.

Подготвеност за успешна реализација на активностите во рамки на ревизијата беше истакната и од Главниот државен ревизор на Националната канцеларија за ревизија на Република Косово г-ѓа Влора Мехмети Спанца, како и од Генералниот секретар на врховната ревизорска институција на Република Албанија, г-ѓа Валбона Гаџа кои изразија благодарност до Државниот завод за ревизија како институција координатор на оваа заедничка активност.

Главните државни ревизори ја истакнаа важноста на оваа соработка која ќе овозможи размена на знаења и искуства, со што ќе се подобри одговорноста кон родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во руралните области.