dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Учество на билатералниот скрининг во Брисел

08.12.2022
Слика
Учество на билатералниот скрининг во Брисел

Делегација од Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, заедно со претставници од ДЗР кои се членови на работната група за финансиска контрола, учествуваа на билатералниот скрининг за поглавјето за реформа на јавната администрација и поглавјето 32  финансиската контрола.

Државниот завод за ревизија во својата презентација се осврна на постигнатите резултати од работењето, усогласеноста на работењето со ISSAI стандарди, најдобрите практики и краткорочни и долгорочни планови, како што се уредувањето на Државниот завод за ревизија како уставна категорија и донесувањето на новиот Закон за државната ревизија.

Билатералниот скрининг е првиот чекор во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Процесот им овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со законите и стандардите на ЕУ и со обврските што произлегуваат од нив, како и со нивото на подготвеноста на земјите и нивните планови за натамошно усогласување.

Државниот завод за ревизија е една од водечките институции во земјата, чувар на јавните средства на граѓаните и активен учесник во повеќе поглавја во билатералниот скрининг.