dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зајакнување на партнерството помеѓу ревизорските институции

01.12.2022
Слика
Средба со Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Горан Мисовски и со Генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова

Државниот завод за ревизија е домаќин на делегациите на врховните ревизорски институции на Кралството Норвешка и Република Албанија, со кои во текот на неделата преку повеќе активности се разменуваат мислења и идеи за мапирање на ризиците во различни области на соработка, а со цел зајакнување на партнерството и капацитетите на институциите.

Претставниците од трите ревизорски институции предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Претседателот на врховната ревизорска институција на Република Албанија, д-р Арбен Шеху и раководителот на меѓународниот оддел на Канцеларијата на Главниот ревизор на Норвешка, г. Оивинд Берг Ларсен остварија средба со Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Горан Мисовски и со Генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова.

На средбата се дискутираше за системската и организациската поставеност на ревизорските институции, соработката со Собранието, како и праксата на разгледување на ревизорските извештаи на парламентарните комисии и на пленарна седница во законодавните домови.

Во текот на денот, Главните државни ревизори г. Ацевски и г. Шеху, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете институции со кој се предвидуваат заеднички активности во понатамошниот период, а во насока на продлабочување на досегашната соработка на Државниот завод за ревизија и врховната ревизорска институција на Република Албанија.