dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Регионална конференција за родово одговорно буџетирање

25.11.2022
Слика
Регионалната конференција за родово одговорно буџетирање

На покана на Un Women, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на регионалната конференција за родово одговорно буџетирање на тема „Трансформативно финансирање за унапредување на родовата еднаквост“, која се одржа на 23 и 24 ноември во Истанбул, Турција.

Главниот државен ревизор истакна дека препораките кои произлегоа од првата родова ревизија на успешност во земјата поттикнаа важни промени во клучните политики кои се однесуваат на родовата еднаквост. Притоа изрази благодарност до UN Women - Скопје за поддршката во зајакнувањето на капацитетите и знаењето на државните ревизори за родово одговорно буџетирање.

На регионалната конференција беа претставени две нови иницијативи кои ги започна UN Women за следење на трендовите за имплементација на РОБ (Индекс за родово одговорно буџетирање) и пилотирање на SDG 5.c.1. алатката за следење на прогресот во воспоставувањето системи за мониторинг на буџетските алокации за родова еднаквост низ регионот на Европа и Централна Азија.