dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со Амбасадорот на ЕУ во државата

08.11.2022
Слика
Мотив од работната средба во просториите на ДЗР

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со Амбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија,  Н.Е. Дејвид Гир и неговите соработници г-ѓа Мариа Канелопулу, Раководител на секторот за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка и г. Хавиер Кастиљо Алварез, програмски менаџер на ЕУ делегацијата во нашата држава.

Во фокус на одржаната средба беше неодамна објавениот Извештај на Европската комисија за напредокот на нашата држава, како и реализираните активности и постигнати резултати во рамки на твининг проектот поддржан од Европската Унија,  кој Државниот завод за ревизија успешно го реализираше со ревизорските институции од Република Хрватска и Република Бугарија.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го информираше Амбасадорот на ЕУ во државата, Н.Е. Дејвид Гир за целокупните активности и постигнатите резултати на Државниот завод за ревизија, притоа потенцирајќи ги континуираните заложби за обезбедување на уставна оперативна и финансиска независност на институцијата со цел креирање на уште поквалитетно контролно опкружување во општеството.

Амбасадорот на ЕУ во државата, изрази задоволство од одличната работа на Државниот завод за ревизија и досегашната успешна соработка и потенцираше дека Европската Унија како и досега така и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на Државниот завод за ревизија, особено во заложбите за обезбедување на уставна независност со цел поефикасна имплементација на препораките на ДЗР од надлежните институции во државата.