dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Резултати, активности и научени лекции од твининг проектот

18.10.2022
Слика
Kонференцијата за презентирање на подобрувањата на законодавните, стратешките и методолошките акти на ДЗР, како и научените лекции од пилот ревизиите и алатките за комуникација

Постигнатите резултати и активности во рамки на твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“ кој го спроведуваат Државниот завод за ревизија и врховните ревизорски институции на Република Хрватска и Република Бугарија, беа главен фокус на конференцијата на која беа презентирани подобрувањата на законодавните, стратешките и методолошките акти на ДЗР, како и научените лекции од пилот ревизиите и алатките за комуникација.

Во своето воведно обраќање, Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми истакна дека Државниот завод за ревизија во соработка со твининг партнерите од Република Хрватска и Република Бугарија успешно размени знаења и искуства во однос на примената на меѓународните стандарди и најдобрите практики на Европската унија

Првата сесија од конференцијата започна со презентации за реализираните активности и постигнати резултати на лидерите на компонентите од твининг проектот, кои се осврнаа на донесените стратешки и методолошки акти изработени во соработка со колегите од врховните ревизорски институции на Република Хрватска и Република Бугарија.

Во вториот дел од одржаната конференција, помошниците на главниот државен ревизор заедно со твининг експертите од Република Хрватска и Република Бугарија ги пренесоа и споделија научените лекции од спроведените пилот ревизии и тоа:

  • Ефикасност на процесот за добивање и реализација на средства во рамки на Инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“;
  • Систем за управување со кризи и противпожарна заштита;
  • Ревизија на регуларност – Град Скопје; и
  • План за економски раст на Владата на РСМ, Столб 3 – Финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и техонолошки развој.

На конференцијата присуствуваа и претставници од Делегацијата на ЕУ во државата, претставници од ревидираните субјекти, граѓански организации и медиуми, како засегнати страни со кои соработува и комуницира Државниот завод за ревизија.