dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Едукација за зголемување на вештините на државните ревизори

16.09.2022
Слика
Едукација за зголемување на вештините на државните ревизори

Во периодот од 13.09 - 16.09.2022 година, со цел зголемување на знаењата и вештините на вработените на ДЗР, се одржа едукација на тема Ревизија на финансиските извештаи подготвени од единиците на локалната самоуправа“,  финансиски поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации.

Едукацијата ја одржуваа искусни професионални обучувачи и експерти од Економскиот факултет при УКИМ, проф. Борче Треновски, меѓународен консултант од Р. Хрватска, проф. Борис Тушек, експерт од Република Словачка, Луциа Кашиарова, како и советникот на Главниот државен ревизор м-р Лилјана Стојанова и Љупче Андреевски, самостоен ревизор.

Во текот на едукацијата беа опфатени повеќе области и тоа: 
 

-           Подготовка за ревизија на финансиските извештаи подготвени од единиците на локалната самоуправа;

-            Методи за проценка на ризик за ревизија на локалната самоуправа;

-            Методи за ревизија на финансиските извештаи на локалната самоуправа;

-            Пишување ревизорски извештаи и препораки; и

-         Ревизија на приходи и расходи кај единиците на локална самоуправа и најчести утврдени состојби со извршените ревизии.

Едукацијата за државните ревизори е активност која произлегува од склучениот Меморандум за разбирање помеѓу Државниот завод за ревизија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), и е предвидена во Годишниот план за континуирано професионално усовршување и обуки на ДЗР за 2022 година.