dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зголемување на знаењата и вештините на државните ревизори

03.06.2022
Слика
Работилница УНДП Струга

Државниот завод за ревизија континуирано вложува во зајакнување на вештините и знаењата на државните ревизори, преку што се обезбедува дополнителен квалитет во работењето и задржување на професионалниот интегритет како институција која е носител на напредокот во управувањето со јавните средства.

Во периодот од 31 мај – 3 јуни, вработените од ДЗР земаа активно учество на обука на тема „Ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа“, организирана и финансиски поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Предавачи на обуката се професорот Атанаско Атанасовски од Економскиот факултет - катедра за сметководство и ревизија и експертот од Република Словачка, Луциа Кашиарова од Министерството за финансии.

Во текот на работните сесии беа опфатени повеќе области и тоа:

  • Дефиниција и вреднување на залихи и мерење на трошоци;
  • Извештај за парични текови, директен и индиректен метод;
  • Сметководствени политики , промени во сметководствените проценки и грешки;
  • Амортизација на материјалните и нематеријалните средствата , и
  • Резервирања, потенцијални обврски и непредвидени средства.

Зајакнувањето на капацитетите на Државниот завод за ревизија во вршењето на ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа е во насока на успешно спроведување на препораките содржани во Програмата за реформа на управување со јавните финансии.