dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Причини и предизвици во справувањето со неформалната економија

01.06.2022
Слика
Причини и предизвици во справувањето со неформалната економија

Денес, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на онлајн вебинар на тема „ Неформална економија – причини, предизвици и потенцијални решенија“, организиран од Катедрата за економија, Економски факултет – Скопје при УКИМ.

Со воведни обраќања вебинарот го отворија проф. д-р Предраг Трпески, декан на Економски факултет – Скопје, Заменик постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојаниќ и проф. д-р Владимир Филиповски, Раководител на катедрата за економија.

Во панел дискусијата, модерирана од професорот Борче Треновски, свои презентации имаа Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Министерот за финансии Фатмир Бесими, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска и Директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукареска.

Во својата презентација, г. Ацевски се осврна на најчестите форми на неформалната економија, причините за нејзиното постоење, како и на главните предизвици за формализирање на неформалната економија. Во својата презентација ги презентираше и потенцијалните решенија за справување со оваа негативна појава притоа издвојувајќи ги следните:

  • јакнење на капацитетите на надлежните органи и нивна меѓусебна соработка, усогласеност и заедничко делување;
  • подобро деловно окружување за основање, раст и развој на компаниите;
  • стимулирање и поддршка на формализацијата на неформалните економски активности;
  • јакнење на даночниот морал и намалување на толеранцијата кон неформалната економија;
  • континуирана јавна едукативна и информативна кампања за обезбедување на широка поддршка на формализацијата на неформалната економија.

На крајот од својата презентација, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потенцираше:

„Вложувањето во човечките ресурси и вреднувањето на нивните резултати на вработените во јавниот сектор, пред се во областа на државната ревизија, внатрешната ревизија, инспекциските и царинските служби и други надлежни дејности, е исплатлива инвестиција на државата која ќе има далекусежни придобивки од вложените средства“.