dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Делегација на ДЗР на Конгрес на ЕУРОСАИ во Прага

30.05.2022
Слика
Делегација на ДЗР на Конгрес на ЕУРОСАИ во Прага

Претставници на врховните ревизорски институции, членки на EUROSAI, учествуваа на дводневна посета во Прага, на покана на претседателот на Врховната ревизорска институција на Чешката Република, воедно и претседател на EUROSAI.

Целта на оваа организација на EUROSAI е да обезбеди соодветен одговор на предизвиците на модерното време со цел да обезбеди додадена вредност за граѓаните. Во таа смисла, членките на организацијата се охрабруваат да соработуваат поблиску во изнаоѓање нови алатки, ревизорски методологии и процедури.

Фокус на настанот беше размена на знаења и искуства на теми од особен интерес за надворешната ревизија преку активно учество на сите учесници во организирани во повеќе работни сесии.

Се разменија мислења во однос на имплементација на меѓународните ревизорски стандарди, следењето на спроведувањето на ревизорските препораки, ревизии на даноци, дигитализирани проекти, животна средина итн. Во овие сесии се даде исто така и осврт на улогата на врховните ревизорски институции во борбата против корупцијата, како и визуелизацијата, објавувањето и влијанието на ревизијата врз зголемувањето на транспарентноста во јавната администрација.

Г. Адеми присуствуваше на состанокот организиран од претседателот на EUROSAI г. Милослав Кала, во кој се разговараше за Стратешкиот план на EUROSAI 2024-2030 година, како и за работата и достигнувањата на Државниот завод за ревизија.

Во текот на оваа дводневна посета на EUROSAI, беа одржани бројни активности, вклучително и приемот на претставниците на Врховните ревизорски институции од страна на претседателот на Чешката Република г. Милош Земан, во кој се разговараше за важноста на Врховните ревизорски институции во рамките на уставниот систем, како и за придобивките од меѓународната соработка во областа на ревизијата.