dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зголемување на знаењата и вештините за родовата еднаквост

04.05.2022
Слика
Гораст Николовски како презентер

Во рамките на активностите за имплементација на одредбите од склучениот Меморандумот за разбирање помеѓу Телото на обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women, претставници од Државниот завод за ревизија, во период од 27 до 29 април 2022 година, присуствуваа на работилницата на тема „Родово одговорно буџетирање, родова политика и анализа на влијанието на регулативата“.  

Покрај претставниците од Државниот завод за ревизија на работилницата, учествуваа и претставници на врховната ревизорска институција на Република Албанија, како и претставници на UN Women од Република Северна Македонија и Република Албанија.

Искуството, предизвиците и научените лекции за спроведената ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките на Владата на Република Северна Македонија за родова еднаквост и соодветни родови буџетски иницијативи“, го споделија помошникот на ГДР, г-ѓа.Татјана Димитровска и самостојниот ревизор, г. Гораст Николоски – раководител на ревизорската екипа.

Државниот завод за ревизија е лидер во регионот како врховна ревизорска институција која има спроведено ревизија на ова тема. Родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество и обврска за државата која произлегува од Агендата за одржлив развој 2030.

Заклучоците на работилницата се насочени кон интензивирање на соработката меѓу врховните ревизорски институции во регионот, билатерално или мултилатерално, со цел разменување на искуства, споделување на научени лекции и совети. Потребно е изнаоѓање на модели кои можат да инспирираат и промовираат нови пристапи и иницијативи во спроведување на ревизиите, со цел подобрување на целокупниот процес на родова еднаквост во општеството.