dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Започна постапката за носење на новиот Закон за државна ревизија

05.04.2022
Слика
ГДР и министерот за финансии

Во просториите на Министерството за финансии, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари средба со Министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, чија цел беше дискутирање и предавање на понатамошно постапување на нацрт Законот за државна ревизија.

Новиот закон, кој се очекува да влезе во процедура на разгледување и  усвојување од страна на Владата и Собранието, е изработен заедно со Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и  Националната канцеларија за ревизија на Република Бугарија како партнери во рамките на Твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарните надзор“ МК 18 IPA F1 03 20 финансиран од Европската Унија.

Новиот закон предвидува зајакнување на финансиската и оперативна независност на Државниот завод за ревизија,  постапување по препораките од страна на субјектите предмет на ревизија и создава можности за разгледување на конечните ревизорски извештаи од страна на Собранието.

Ова се значајни подобрувања во законодавството на државната ревизија согласно барањата од Европската унија и Меѓународните стандарди за државна ревизија на врховните ревизорски институции (ISSAI).

Линк од објава

https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceMK