dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија

04.02.2022
Слика
Работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија

Денес во просториите на Државниот завод за ревизија, главниот државен ревизор  оствари работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. Роберт Декер.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ги презентираше сите активности кои ги реализира Државниот завод за ревизија како врховна ревизорска институција, особено за заложбите и резултатите на Државниот завод за ревизија во насока на зголемување на својата транспарентност и отчетност во работењето.

На средбата исто така се разговараше за повеќе актуелни теми и проблематики, меѓудругото за институционалниот систем за справување и борба против корупција, како и за одредени клучни системски слабости кои во континуитет ги констатира Државниот завод за ревизија во своите конечни ревизорски извештаи.

Заменик амбасадорот на Кралството Холандија изрази пофалби за работата која ја врши Државниот завод за ревизија, истакнувајќи дека професионализмот и квалитетот во работењето на ДЗР како чувар на јавните средства се препознаени од стручната и експертска јавност.

На крајот од средбата, главниот државен ревизор и заменик амбасадорот иницираа зајакнување на соработката и комуникацијата на Државниот завод за ревизија, Кралството на Холандија и Холандскиот суд за ревизија, преку организирање на заеднички едукации и размена на искуства за ревизорите од двете врховни ревизорски институции.