dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Известување до учесниците во изборна кампања на Локалните избори 2021 година

27.10.2021
Слика
Известување до учесниците во изборна кампања на Локалните избори 2021 година

Државниот завод за ревизија им укажува на сите учесници во изборната кампања дека се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање и тоа на ден 30 октомври 2021 година да изготват и достават до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, согласно член 84-б став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21).

 

За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 30 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено  ќе овозможи и  електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР [email protected].

Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/2021 и 218/2021). Составен дел на овој правилник е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.

 

Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници.

За Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mkво табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниот линк.

 

https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf